Пејачката Јелена Карлеуша ја поддржа петицијата во Србија за неовластено споделување на интимни снимки да стане кривично дело, а потоа објави и потресно сведоштво дека законскиот сопруг Душко Тошиќ ја наговарал да си го одземе животот во време кога јавноста и медиумите дознаа за нејзините фотографии и снимки.
View this post on Instagram
„Како јавна личност, жена и мајка бев жртва на брутална освета и злоупотребена со порнографска содржина. Тогаш нечовек се обиде кукавички и бедно да ми го одземе животот, честа, семејството, гордоста, иднината така што го искористи моментот на мое невнимание, го сликаше екранот на телефонот на еден наш повик без мое знаење, а потоа со фотографиите ме уценуваше. По уцените дојдоа и заканите, а злото да биде поголемо во тоа време почина и мојата мајка, а медиумскиот линч и моите голи слики беше последно што го виде таа. Децата мораше да ги отпишам од училиште, а маж ми одеше насекаде низ нашиот дом и бараше да се убијам“, раскажува Карлеуша.
Таа вели дека искрено во еден момент помислила сериозно и на тоа, бидејќи нејзиниот живот и се останато било уништено и тоа заради тоа што еден бедбник се одлучил да се освети на неа.
View this post on Instagram
Таа вели дека сите треба да се потпишат на оваа петиција и дека таа не се убила, но утре ден може тоа да го стори некоја друга жена.
Инаку Тошиќ и физички ја нападнал пејачката откако на Божиќ и удрил шлаканица, а таа не сакала да го тужи приватно откако полицијата и сугерирала на тоа.
View this post on Instagram