Македонско – српската пејачка Тијана Дапчевиќ веќе 20 години ужива во бракот со сопругот иако низ годините наназад имале турбулентни периоди.
Приказната за овој љубовен пар започнала на еден натпревар во Сомбор многу одамна, а по неколку дена врска пејачката се одлучила да живее под исти кров со него, а неколку години подоцна својата љубов ја крунисаа со брак.
Тијана неколку пати доживеа брачни кризи поради кои нивната љубов била на тест, а како што тогаш се пишувало нејзиниот сопруг Милан бил фатен во акција со една келнерка, меѓутоа Тијана му простила, пренесуваат српските медиуми.
По неколку години одекна и веста дека бракот повторно им е на удар, поради што пејачката и се иселила од домот, но по неколку дена приказната сепак добила среќен крај и одлучила на бракот да му даде нова шанса.
View this post on Instagram
Пејачката неодамна на својот Фејсбук профил сподели и статус по повод нивната годишнина од брак.
„Го запознав Милан на место на кое не знаев дека умеам да бидам (кошаркарски натпревар), бидејќи спорт не поднесувам. Од тогаш, ние двајца поднесуваме се. И од тогаш мислите ни почнуваат во множина… среќна 18 годишнина љубов“, напиша тогаш Дапчевиќ.
Инаку Милан пред неколку години започна нов бизнис поврзан со земјоделството.
View this post on Instagram
-Тој се занимава со земјоделство во последните неколку години, па ми вели: „Конечно не мора да одам нигде со тебе и да се сликам“. Не прашувај ништо, само давам и давам пари, ме разбираш. Но фала му на Бога оваа година се очекува првиот вистински род, изјави во една прилика Тијана.