Кога ја загуби животната битка во ноември 2021 година, еден од најомилените пејачи, Маринко Роквиќ, ги остави зад себе својата неутешна сопруга и двата сина од бракот со Славица, Никола и Марко, како и уште еден наследник Дарио, кој годоби во вонбрачна заедница.
Многумина ги интересираше како ќе гласи тестаментот на Маринко Роквиќ и како ќе се дели неговиот имот.
Бидејќи до последниот ден пејачот се грижел за семејството и е познат како многу посветен сопруг и татко, кога дознал дека болеста напредувала, пејачот освен што сакал материјално да ги обезбеди, имал и голема желба неговите деца да живеат во мир и разбирање, па всушност тестаментот на Маринко Роквиќ не бил ни напишан.
Тој решил имотот да го подели на еднакви делови на своите синови и на својата долгогодишна животна сопатничка.
-Маринко беше голем господин, неговото семејство беше на прво место. Никогаш не ги разделуваше своите синови. Неизмерно ги сакаше сите тројца, изјави за стпските медиуми пејачката блиска до Роквиќ.
„Им даде се што можеше, а она што го имаше стекнато во текот на животот и богатата кариера подеднакво го подели. Ниту еден син не беше лишен, така да се каже, од љубов, внимание или недвижности и финансии што ги остави зад себе“.
-Беше свесен дека болеста е опасна и дека зема се поголем замав, па отворено разговараше за се со децата, а со договор го поделија за сите во семејството да бидат задоволни. Не сакаше да замине, а да остави зад себе синови кои ќе се тепаат за имотот. Видовте дека, како што доликува, беше испратен во вечното почивалиште, верувајте, тоа го заслужи, изјави тогаш споменатиот извор, пишува Стори.
Тестаментот на Маринко Роквиќ не беше неопходен кога станува збор за ова семејство, бидејќи на ист став е и сопругата на пејачот.
Таа е во голема мера заслужна за добрите односи меѓу браќата, секогаш инсистирала да се види со нив и да биде блиска, а Дарио го пречекувала како нејзин син секогаш кога доаѓал од Америка.