Познати

Телохранител пронајден мртов: Ги чувал Бекамови, Шварценегер, Џони Деп

Телохранител пронајден мртов: Ги чувал Бекамови, Шварценегер, Џони Деп

Поранешниот телохранител на Дејвид и Викторија Бекам, Крег Ајнсворт, е пронајден мртов во Шпанија.

Како што пренесуваат светските медиуми, ​​Крег Ајнсворт, кој бил телохранител и на многу други познати личности, бил пронајден мртов откако претходно е пријавен за исчезнат.

Работел за семејството Бекам од 2013 до 2015 година и бил телохранител на Џони Деп, Џенифер Лоренс и Арнолд Шварценегер.

Неговата мајка ја објави трагичната вест на социјалните мрежи, откако беше споделена информација за неговото исчезнување. Како што изјавила, тој страдал од посттрауматско стресно растројство (ПТСН), пренесуваат медиумите.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

-Со најголема тага светот го загуби Крег. Тој служеше во Авганистан и имаше ПТСН, напиша таа и ја објави неговата фотографија.

Screenshot
To top