Тејлор Свифт и Тревис Келси закажале датум за свадба, а зад тоа постои силна симболика за пејачката, вели извор за Page Six.
Според извештаите, славната двојка треба да каже „Да“ на 13 јуни 2026 година, а свадбената церемонија треба да се одржи во имотот „Оушн Хаус“ во Род Ајленд.
Како што понатаму дознава Page Six, тој датум веќе бил закажан, а Тејлор ѝ дала на невестата, која го резервирала просторот пред неа, голема сума за да се откаже од тој датум, што и се случило.
Обожавателите на Свифт добро знаат дека омилениот број на Тејлор е 13, но тоа не е сè. Според нумерологијата, 13 крие подлабоко значење и тоа само ако се разложи понатаму.
Кога датумот е напишан вака – 13.06.26, а потоа се собираат поединечните броеви (6+1+3+2+6), збирот е 18. После тоа, тој датум се разложува (1+8) и се добива бројот 9.
Според Numerology.com, енергијата на бројот 9 претставува крај на еден циклус и отвора потенцијал за нов почеток.
Дури и самата Тејлор Свифт во бројни интервјуа по завршувањето на турнејата „The Eras Tour“, а потоа и по објавувањето на нејзиниот 12-ти студиски албум „The Life of a Showgirl“ истакна дека едно поглавје од нејзиниот живот е затворено, а друго штотуку започнало.
Дали станува збор за музичка кариера или за почеток на семеен живот со Тревис Келси, сè уште е непознато, иако извори блиски до пејачката велат дека „Тејлор сака што поскоро да се омажи затоа што сака да има деца“.