Актерот Бред Пит и Анџелина Џоли постојано се во центарот на медиумското внимание поради нивниот бурен развод, а сега таткото на Џоли, Џон Војт јавно му се обрати на својот поранешен зет.
За прв пат јавно го кажа своето мислење за разводот на неговата ќерка. Тој во разговор за странските медиуми јавно побарал од својот поранешен зет „да престане со глупостите“ и да стави крај на осумгодишната борба за винаријата што ја стекнал за време на бракот со Анџелина.
Тој смета дека е подобро целата ситуација да заврши во мирни односи, главно заради стабилноста и мирот на нивните деца.
-Мислам дека на децата им е потребна стабилност. Ги сакам моите внуци и ја сакам ќерка ми. И сакам Бред да се обиде да направи, знаете, што треба да направи. Нека престане со овие глупости, рекол Војт (85), а пренесува „TheNews“.
Да потсетиме, конфликтот околу нивниот развод започна во 2016 година, а ситуацијата се влоши кога четири од шесте деца одлучија да ги прекинат сите контакти со Бред.