Познати

СРЕДЕ СКАНДАЛОТ СО КЕЈТ МИДЛТОН КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ГИ КАЗНУВА ХАРИ И МЕГАН: Им зададоа нов удар, ова е најниско до сега!

СРЕДЕ СКАНДАЛОТ СО КЕЈТ МИДЛТОН КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ГИ КАЗНУВА ХАРИ И МЕГАН: Им зададоа нов удар, ова е најниско до сега!

Поединечните биографии на принцот Хари и Меган Маркл се отстранети од официјалната веб страница на кралското семејство, а откако се тргнати на нивно место се најде нивна заедничка биографија која се наоѓа на самото дно од листата со членовите на кралското семејство, објавуваат светските медиуми.

„Како што е објавено во јануари 2020 година војводата и војвотката од Сасек се повлекоа од кралските должности“, стои во описот кој води до нивната директна страница.

Парот се венчаше во капелата Свети Џорџ во Виндзор на 19 мај 2018 година, а станеле родители на две деца – принцот Арчи и принцезата Лилибет.

На веб страницата потоа се наведува дека Хари бил дел од вооружените сили во рок од 10 години и дека бил дел од многу добротворни организации, додека за Меган Маркл пишува дека во минатото била актерка и дека нејзината најпозната улога и била во серијата „Suits“ која се емитувала во седум сезони и преку 100 епизоди.

To top