Познати Емотивен бродолом

СКАНДАЛ ја “тресе“ српската естрада: Сопругот на позната пејачка ја изневерувал со дадилката, таа забременила

Српските медиуми засега не објавија за која пејачка станува збор, но велат дека таа е многу позната.

СКАНДАЛ ја “тресе“ српската естрада: Сопругот на позната пејачка ја изневерувал со дадилката, таа забременила

На српската естрада и во медиумите со денови се шпекулира за прељубата што ја направил сопругот на  позната пејачка. Дека работите не функционираат исто во нивниот брак, таа покажа со бришење на сите слики од својот профил на социјалните мрежи. Тој веќе не е нејзин придружник ниту на јавните настапи како порано.

Пејачката после прељубата е бесна и тажна, а многумина забележале дека своето незадоволство и болката со која се справува го лечи со арогантно однесување, што многумина го забележале, па дури и оние кои не знаат дека поминала низ емотивен бродолом, пишуваат српските медиуми.

Откако го избркала од куќата, таа се обидува што повеќе да им се посвети на децата, за да ги оттргне мислите од бродоломот што ја снајде, но со денови стравува дека оваа вест ќе протече во јавноста. Пријателите и членовите на семејството се обидуваат да ја поддржат во тешките моменти, но тоа секој ден и е се потешко и потешко.

Српските медиуми засега не објавија за која пејачка станува збор, но велат дека таа е многу позната.

To top