Не е тајна дека пејачите се подготвени да платат огромни суми пари за песни со надеж дека тие ќе станат хит.
Сепак, изгледа најподготвена за тоа беше пејачката Ана Николиќ, која за песната „Ромале, ромали“ плати вртоглави 30.000 евра.
Оваа сума Ана без размислување ја даде пред петнаесет години кога ја сними песната која и денес е голем хит.
Уште од првото слушање се знаеше дека песната ќе стане безвременски хит, а позната беше и цената за која Ана ја купи од Кики Лесендриќ.
Да потсетиме, Кики Лесендриќ неодамна проговори за соработката со Ана Николиќ и откри зошто наплатил многу за песната.
-Бев безобразен и тој безобразлук беше платен, а од друга страна требаше да го направам целиот албум, па Мили се врати, се налутив и ја наплатив цената што беше оправдана, рече тој, а на прашањето дали песната вредела толкава сума одговори:
„Во тоа време беше многу скапо да се продуцира, скапа беше и Марина, како и Љиља Јорговановиќ, песната секако ја оправда цената и донесе пари“.