Познати

СИНОТ НЕ САКА ДА СЛУШНЕ ЗА МАЈКА МУ: Кан веќе два месеци не зборува со неа, одбрал да биде на страната на Харис Џиновиќ по разводот – еве во минатото што зборуваше Мелина за него!

СИНОТ НЕ САКА ДА СЛУШНЕ ЗА МАЈКА МУ: Кан веќе два месеци не зборува со неа, одбрал да биде на страната на Харис Џиновиќ по разводот – еве во минатото што зборуваше Мелина за него!

Мелина Џиновиќ вчера во попладневните часови на 1-ви април упаднала во семејниот дом од каде се отселила пред една година и ги напуштила сопругот и двете деца.

Она што до овој момент се знае е дека пејачот откако се вратил дома повикал полиција и дека двајцата давале изјава во полициска станица, додека полицијата му го одземала и пиштолот на Харис Џиновиќ за кој поседувал дозвола.

Во меѓувреме таа сакала да се види и со синот со кого има нарушен однос.

Како што и самиот пејач откри синот Кан не сака да ја види својата мајка ниту сака да слушне нешто за неа веќе цели два месеци.

Во една прилика Мелина открила дека нема проблем со децата и дека таа била построга со нив, додека од Харис не се плашеле.

-Јас навистина немам проблем со децата. Тие не се бесни, нормални се, јас сум задоволна од нив. Нивните излегувања се нормални, тие прават се што прават другите врсници. Зошто би ги држела дома заклучени? Тие излегуваат каде треба да излегуваат, тоа е строго контролирано, имаат нормални друштва, изјави своевремено Мелина.

Тогаш додала дека со пејачот имаат пријателски однос, додека таа била како инспектор.

Најнови вести од Познати

To top