Познати Татино девојче

Шајло ја напушта Анџелина Џоли, чека да стане полнолетна и да си оди кај Бред Пит

„Шајло не е несреќна кај Анџелина, но наскоро ќе наполни 18 години и сака промена“, споделил инсајдерот со таблоидот.

Шајло ја напушта Анџелина Џоли, чека да стане полнолетна и да си оди кај Бред Пит

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 17- годишната тинејџерка Шајло наводно се сели да живее кај нејзиниот татко, пишува „The Sun“. Таа се очекува да се пресели во мај кога ќе наполни 18 години.

„Шајло не е несреќна кај Анџелина, но наскоро ќе наполни 18 години и сака промена“, споделил инсајдерот со таблоидот.

Освен тоа, таа го обожува Бред и отсекогаш била татино девојче, додава изворот, а Пит бил пресреќен кога ја слушнал веста. Како што е познато, Анџелина досега не се обидела да ја спречи.

За разлика од Шајло, посвоените деца на поранешната двојка, 22-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс Тиен и 19-годишната Захара, го отфрлија Бред откако станаа полнолетни.

Инаку, Шајло е биолошка ќерка на Бред и Анџелина, како и 15-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

Најнови вести од Познати

To top