Познати Собра сили

Северина со потресни зборови се обрати на првиот концерт откако судот ѝ го одзеде синот! (ВИДЕО)

„Нема да застанам ниту јас, а се надевам дека нема да запрете ниту вие сите жени од Босна и Херцеговина“, рече таа.

Северина со потресни зборови се обрати на првиот концерт откако судот ѝ го одзеде синот! (ВИДЕО)

Врховниот суд ја укина одлуката на Жупанискиот суд за заедничко старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над синот Александар, па старателството над момчето му беше доделено на таткото.

Популарната пејачка Северина за прв пат се појави во јавноста по информацијата дека судот и го одзел детето и му доделил старателство на таткото.

Таа синоќа имаше голем концерт во Јахорина, а на самиот почеток на концертот ги упати овие потресни зборови:

„Не станав од кревет 4 дена. Потоа станав, морав да се облечам, да се нашминкам, да си ја средам косата и да ви се поклонам“, рече таа и доби аплауз од публиката.

-Најпрво да им се поклонам на сите мали и слаби жени кои ми дадоа сила… Колку убаво ми рече претседателот на Врховниот суд, на мене голема и моќна… Дека деновиве дури наоѓам сила да станам од кревет и да го испратам моето дете на училиште и ќе се обидам лично да ви се заблагодарам на сите вас кои ми пружате неизмерна љубов. Не смеам да бидам нечесна, морам и да им се заблагодарам на сите мажи. Особено на моите колеги од естрадата. Моето сандаче на Инстаграм е полно. Многумина од вас ги споделуваат своите искуства со мене, има шокантни кои ме расплакаа, а има и многу од Босна и Херцеговина кои се жртви на институционално насилство. Знам и еден случај од Херцеговина, мајка на две девојчиња која отишла кај татко насилник, кој ги силувал и двете, прочитала Северина и додала:

„Тие велат дека треба да бидеме тивки и покорни кога се во прашање децата. Молчев упорно и покорно, зборуваше другата страна, а јас чекав и верував во хрватскиот правен систем, како што веруваат жените во Босна. Молчев додека за прв пат не ми го одзедоа детето. Оттогаш зборувам за неправдите на системот, за организираното киднапирање на деца кога се вмешани богати и моќни татковци. Нема да застанам ниту јас, а се надевам дека нема да запрете ниту вие сите жени од Босна и Херцеговина“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Најнови вести од Познати

To top