Пејачката Драгана Мирковиќ неодамна објави дека се разведува од бизнисменот Тони Бијелиќ, додека нејзиниот колега Харис Џиновиќ се разведе од модната дизајнерка Мелина.
Денеска Тони објави неколку фотографии од Монако, а според српските медиуми, неодамна во Монако отишла и Мелина, па и двајцата во ист период се во кнеевството. Оттука почнаа да се шират гласови дека тие двајца се заедно таму.
По ова, Бијелиќ се огласи на Инстаграм и порача дека нема вистина во целата таа приказна.
„Лага“ – напиша Тони и додаде – „Како е можно такви лаги?“.
Мелина по овој повод не се огласи, а Харис даде кратка изјава за шпекулациите дека неговата поранешна сопруга е во врска со поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ.
„Ве молам, оставете ме на мир, мене оваа тема апсолутно не ме интересира. Навистина не ме интересира“, рече тој кратко за Телеграф.