Расправиите на сцената не се ретки, а Саша Поповиќ успеа да одржува добри односи со сите. Освен со една личност.
Поповиќ неодамна призна дека повеќе од две децении не разговарал само со еден пејач, а тоа е пејачот Мирослав Илиќ.
-Не сум разговарал со Мирослав Илиќ 23 години. Никогаш не го ни сретнав. Тој едноставно престана да комуницира со мене во 2000 година. Поминаа 23 години, иако ја ценам неговата работа и неговите песни се секогаш добредојдени во „Ѕвездите на Гранд“, рече Поповиќ.
Да потсетиме, Поповиќ, кој сега е креативен директор на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, неодамна призна дека и самиот не очекувал дека продукцијата што ја основал на крајот на минатиот век ќе постигне таков успех.