Познати

САКАМ ДА СЕ СИМНАМ ВО ГРОБОТ СО ТЕБЕ: Поранешниот српски кошаркар една работа извади од себе и ја фрли над ковчегот на својот брат

САКАМ ДА СЕ СИМНАМ ВО ГРОБОТ СО ТЕБЕ: Поранешниот српски кошаркар една работа извади од себе и ја фрли над ковчегот на својот брат

Братот на Марко Јанушевиќ Јануш, Михајло денеска е погребан, а семејството и пријателите се уште се во шок и неверување по големата трагедија.

За време на спуштањето на ковчегот, поранешниот кошаркар и учесник во реално шоу од каде излезе по трагедијата одлучи да му подари и посебен подарок.

Јануш го извади часовникот од раката и го фрли во гробот на својот прерано починат брат.

Низ солзи тој извика:

„Мики мој најсакан, еве ти и ти нешто од мене да имаш на оној свет“.

Српските медиуми пренесуваат и како Јануш зборувал само убави работи за својот брат.

„Таму горе те чека дедо кој ти го даде името… имате за што да зборувате. За се што не беше како треба, те молам прости ми. Би скокнал со тебе во гроб“, извикувал цело време тој.

Најнови вести од Познати

To top