Свет

Русите и денеска се собираат на гробот на Навални

Русите и денеска се собираат на гробот на Навални

Еден ден по погребот на најпознатиот руски опозиционер и активист, Алексеј Навални, неговите поддржувачи продолжуваат да го посетуваат и да му одаваат почит на неговиот гроб на гробиштата Борисов, невознемирени од присуството на полицијата, јави Хина.

Независните руски медиуми јавуваат дека полицијата дозволува пристап до гробот и полагање цвеќе.

На снимка од гробот може да се забележи мноштво цвеќиња и венци, руски православен крст и фотографија од насмеаниот Навални.

Властите тврдат дека тој починал од природна смрт на 16 февруари во затвор во арктичкиот регион Јамал, но сè уште не се познати околностите за неговата смрт.

По вчерашниот погреб, неговиот тим уште еднаш нагласи дека опозицијата, побегната во странство, ќе ја продолжи борбата против корупцијата на руските власти и политичкиот апарат на претседателот Владимир Путин.

Наследството на Навални ќе остане живо „се додека има милиони луѓе во Русија и во светот кои не се рамнодушни кон него. Затоа не смееме да се откажеме“, наведоа оттаму.

На денот на погребот се одржаа настани низ целата земја, што беа проследени со десетици апсења. Платформата OVD-Info утринава објави дека имало повеќе од стотина апсења во дваесет градови низ Русија, а најмногу во Новосибирск- 20.

To top