Познати Моќни луѓе

Ријана пееше на свадба за цело богатство, а направи голема грешка кога им се обрати на младенците (ВИДЕО)

Видеата од настанот ги преплавија социјалните мрежи и додека едни се воодушевени, други коментираат дека пејачката била видно незаинтересирана.

Ријана пееше на свадба за цело богатство, а направи голема грешка кога им се обрати на младенците (ВИДЕО)

Sвездата Ријана беше повикана да настапи на свадбена церемонија. Целиот свет моментално зборува за овој настан и, според гласините, Рири за ова била дебело платена! За да се појави и да отпее неколку песни,  таа земала дури 5 милиони долари.

На овој настан се собраа моќни луѓе од целиот свет, холивудски ѕвезди, политичари и луѓе од светот на музиката и актерството. Целата свадбена церемонија трае три дена, а Ријана гостувала само една вечер.

Според „Дејли мејл“, ова тридневно задоволство чинело околу 120 милиони долари, со дополнителни трошоци за гостите кои изнесуваат околу 20 милиони долари. Видеата од настанот ги преплавија социјалните мрежи и додека едни се воодушевени, други коментираат дека пејачката била видно незаинтересирана.

Ријана изведе 19 песни, а наводно наплатила околу 60.000 долари за минута. За време на настапот Ријана одржала краток говор, кога се заблагодарила на семејството Амбани и им честитала на младенците, а многумина ја критикувале дека не можела правилно да ги изговори нивните имиња.

Таа зеде цело богатство, а ги згреши имињата на тие кои ја платија. Оваа грешка беше дочекана со бура од негативни коментари.

Инаку, таткото на младоженецот е индискиот милијардер Мукеш Амбани, а Форбс неговото богатство го процени на повеќе од 110 милијарди долари. Амбани е најбогат човек во Азија и 11-ти најбогат човек во светот.

Најнови вести од Познати

To top