Познати

РАЈ НА ЗЕМЈАТА: Милица Павловиќ го исклучи телефонот и 20 дена уживаше на ова место, кога мажите ќе дознаат со кого била нема да им биде добро (ВИДЕО)

РАЈ НА ЗЕМЈАТА: Милица Павловиќ го исклучи телефонот и 20 дена уживаше на ова место, кога мажите ќе дознаат со кого била нема да им биде добро (ВИДЕО)

Српската пејачка Милица Павловиќ по спектакуларниот концерт на крајот од минатата година во Белград мистериозно исчезна.

Десетина дена откако не се огласуваше на Инстаграм нејзините фанови направија вистинска драма каде е и што прави таа, а многумина сакаа да се упатат и кон нејзиниот роден крај да видат дали се крие таму.

Меѓутоа пејачката сега се огласи на својот Инстаграм профил и откри каде била и што правела во изминатите дваесетина дена.

-По повеќе од десет години кариера сама себе првпат во животот си го дадов тој луксуз да исчезнам 20 дена. Да се исклучам целосно од работата, да го исклучам телефонот и да отпатувам далеку од сите. Малдиви ми го пружи тоа што ми беше најпотребно – мир. Да се слушнам себе си и моите мисли, да се одморам и опуштам. И морам да признам не бев лош сопатник самата на себе на ова патување. По враќањето видов огромен број на пораки откако сте се загрижиле за мене, но се надевам дека ме разбирате за тоа што ме немаше. Ќе ви се оддолжам за тоа што ве стресирав целиот овој период, пишува пејачката.

Откако многумина нејзини фанови од посилниот пол дознаа дека пејачката била сама им е „криво“ како што пишуваат зошто не ја дружеле неа на ова патување.

Таа во меѓувреме објави и видео од раската глетка таму:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Најнови вести од Познати

To top