Кејт Мидлтон на Инстаграм објави фотографија од својот најмлад син, принцот Луј, по повод неговиот 6-ти роденден.
„Среќен 6-ти роденден, принц Луј. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува на фотографијата, на која е насмеан принцот Луј.
View this post on Instagram
Ова е прво јавно огласување на војвотката од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот и откако објави дека боледува од рак.
Фотографијата на младиот принц ја направила самата Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.
Според Скај њуз, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека не е фотошопирана.
И по велигденските празници, Кејт нема да им се врати на кралските обврски како што многумина очекуваа.