Денеска е еден од најголемите празници во домот на пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ. Нивниот син Александар го слави својот петти роденден.
Прија на својот Инстаграм објави фотографија од роденденското момче како држи балони во форма на срца и ѕвезди, како и бројот пет.
Малиот Александар ја придружуваше мајка си на балканската турнеја, а на сцената ѝ се придружуваше на речиси секој концерт.
Да потсетиме, Пријовиќ откри дека едвај чека повторно да забремени и дека посакува девојче.
Би сакала мало девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и да биде се’ како што треба. Но, кога би можела да избирам, би сакала девојче – искрено одговори Александра во емисијата на Цеца Ражнатовиќ.