Познати

Принцот Хари и Меган Маркл купија куќа во Европа, ќе има ли нова преселба?

Принцот Хари и Меган Маркл купија куќа во Европа, ќе има ли нова преселба?

Принцот Хари (40) и Меган Маркл (43) купиле имот во Европа. Како што објави Дејли Мејл, парот ја купил куќата во сончевата и топла Португалија, што следува откако кралот Чарлс (75) минатата година одлучил дека двојката повеќе не може да престојува во замокот Фрогмор.

Како што се шпекулира, тоа им дало право на златна виза, која им дава пристап до Шенген зоната на Европската унија. Тоа би било голема привилегија за Меган, која е американски државјанин.

Тие не се единствените членови на кралското семејство кои решиле да купат имот во Португалија. Полусестрата на Хари, принцезата Јуџин (34) и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк (38) поседуваат куќат во луксузен крајбрежен комплекс во Мелидес, јужно од Лисабон.

Откако се сврши со Хари во ноември 2017 година, палатата Кенсингтон објави дека Меган во догледно време ќе поднесе барање за британско државјанство.

Портпаролот потврди дека ќе помине низ процес кој трае неколку години, но војвотката на крајот се откажа од тоа, наводно затоа што таа и принцот се преселиле во Америка во 2020 година.

Кралската двојка и претходно имаше можност да ја посети Португалија. Таму минатата година уживаа во романтичен одмор, на кој тајно отпатуваа по игрите Invictus во Германија. Ова потоа го потврди Хозе Сантос, шеф на туристичкиот одбор на регионот Алентехо.

To top