Принцезата Кејт, сопруга на принцот Вилијам, е пуштена од болница по абдоминална операција.
Како што соопшти Кенсингтонската палата, принцезата ќе го продолжи опоравувањето дома.
„Нејзиното закрепнување напредува добро“, соопштија од палатата.
„Принцот и принцезата сакаат да му се заблагодарат на тимот на болницата во Лондон, особено на посветените медицински сестри, за сета грижа и внимание“, се вели во соопштението.
Јавноста дозна дека Кејт Мидлтон била хоспитализирана на 17 декември, а како што тогаш изјавиле од палатата, принцезата била примена во болница поради планирана операција на стомакот.
Во соопштението не прецизираа за каква операција се работи, а нагласија дека принцезата инсистира нејзината здравствена состојба да остане нејзина приватна работа.
„Затоа, палатата ќе дава информации за нејзиното закрепнување само во случаи кога има нешто важно да се објави“, се наведува во соопштението.