Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ чека второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ, а тоа го криеше од јавноста цели два месеци. Својата среќа ја сподели само со најблиските.
Веста за бременоста на Александра Пријовиќ го изненади целиот регион, а таа сега се огласи за српските медиуми и накратко ја искоментира среќната вест:
-Точно е. Ви благодарам за честитките, рече Александра.
Да потсетиме, како што пренесуваат медиумите, Александра и Филип за оваа прекрасна пригода приредија интимна прослава на која беа поканети само нивните најблиски пријатели и членовите на семејството.
Гордиот Филип бил воодушевен кога дознал дека повторно ќе биде татко. На радосната вест посебно реагираа бабата и дедото на Александра кои едвај го чекаат своето правнуче.
Гордото семејство има многу причини за славење, а Александра решила да се повлече на одредено време од јавниот живот за да ужива во бременоста.