Познати Непознато е кога ќе ја напушти болницата

Познато е како се чувствува кралот Чарлс по операцијата: Ја посетил Кејт која е во истата болница

Кралот Чарлс се чувствува добро по интервенцијата, ја посетил Кејт пред да оди на операција.

Познато е како се чувствува кралот Чарлс по операцијата: Ја посетил Кејт која е во истата болница

На британскиот крал Чарлс Трети му оди добро по операцијата за лекување на зголемена простата, изјави неименуван извор близок до кралското семејство, додавајќи дека пред операцијата ја посетил својата снаа, принцезата од Велс Кејт Мидлтон, која се опоравува во истата болница.

Од објавата на Бакингемската палата за здравјето на кралот, Британската национална здравствена служба (NHS) објави дека бројот на посети на нејзината страница е зголемен за 1.000 отсто, односно на страницата се кликнува во просек на секои пет секунди, објави Скај њуз.

-Неговото височество сака да им се заблагодари на сите што испратија добри желби во текот на изминатата недела и се задоволни што неговата дијагноза има позитивно влијание врз зголемувањето на свеста за јавното здравје, соопшти палатата.

Не е кажано кога Чарлс ќе биде пуштен од болница и ќе продолжи со кралските должности, само дека неговите јавни должности ќе бидат ставени во мирување на кратко, додека деталите за здравјето на принцезата од Велс остануваат непознати.

To top