Познати

ПОЗНАТ ОНКОЛОГ ПРОГОВОРИ ЗА РАКОТ СО КОЈ СЕ БОРИ КЕЈТ: Сите доктори мислат дека е во прашање токму тој вид!

ПОЗНАТ ОНКОЛОГ ПРОГОВОРИ ЗА РАКОТ СО КОЈ СЕ БОРИ КЕЈТ: Сите доктори мислат дека е во прашање токму тој вид!

Како што веќе е познато, Кејт Мидлтон преку видео објави дека боледува од рак и побара разбирање од јавноста при нејзиното закрепнување.

Сепак, она што сите ги интересира е каков вид на рак има принцезата од Велс, за што никој од кралското семејство не сака да зборува.

Д-р Марк Сигел, кој е и медицински соработник на Fox News, истакна дека разговарал со неколку лекари за тоа од што точно боледува Кејт Мидлтон.

„Според неколку врвни онколози со кои разговарав, таа веројатно има или ран карцином на дебелото црево, кој беше отстранет и хируршки излечен, или ран рак на јајниците, матката или грлото на матката кој беше откриен случајно“, рече тој.

Бидејќи претходно беше објавено дека Кејт има Кронова болест, можно е да има рак на дебелото црево бидејќи Кроновата во голема мера го зголемува ризикот од развој на рак.

– За жал, имам дијагностицирано многу видови на рак, но се повеќе се оние кои рано се откриваат и можат да се излечат. Каков вид на рак и да е кај Кејт, изгледа како да го отстраниле“, рече тој.

Најнови вести од Познати

To top