Модната дизајнерка Викторија Бекам на 20 април, го прослави својот 50-ти роденден.
По тој повод организирала гала прослава, а за специјалното изненадување, според пишувањата на странските медиуми, се погрижил нејзиниот сопруг – поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.
Имено, тој не штедел пари за јубилејниот роденден на сопругата, а потрошил околу 250.000 фунти за да го ангажира омилениот готвач на Викторија и да го купи нејзиниот омилен шампањ, кој чини 3.000 фунти по шише, пишува „Дејли мејл“.
View this post on Instagram
Посебно изненадување за сите беа членовите на некогаш многу популарната група „Спајс грлс“, во која беше дел и Викторија. Тие заедно ја изведоа својата песна „Стоп“, а имаа и кореографија. Дејвид го снимаше сето ова и задржа насмевка на лицето.
View this post on Instagram
Пред да започне прославата, Дејвид и Викторија позираа заедно со нивните четири деца, а Викторија во тогашната објава на Инстаграм напиша дека „едвај чека да започне прославата“.
View this post on Instagram