Познати Со тешко срце

Пораката на Џои од „Пријатели“ по смртта на Чендлер е полна со емоции – тага, болка, но и дел од нивниот хумор

Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам

Пораката на Џои од „Пријатели“ по смртта на Чендлер е полна со емоции – тага, болка, но и дел од нивниот хумор

Актерот Метју Пери, познат како саканиот Чендлер од „Пријатели“, ненадејно почина на 54-годишна возраст.

Официјалната причина за смртта се уште не е потврдена, а неговите најблиски го испратиле во вечното почивалиште.

Со недели се чекаше да се огласи актерската екипа на најпопуларната серија, а Мет Лебланк го направи токму тоа. Тој на најтрогателен начин се прости од својот пријател.

Метју Пери и Мет Лебланк се еден од најпрепознатливите тандеми, нивните улоги на Чендлер и Џои се легендарни, а еве што напиша актерот по смртта на својот пријател:

– Метју, со тешко срце се збогувам. Времето што го поминавме заедно е искрено меѓу омилените моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја споделам сцената со тебе и да те наречам мој пријател. Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај брат мој, конечно си слободен. Многу љубов. И претпоставувам дека ги задржуваш 20-те долари што ми ги должиш, напиша тој.

Најнови вести од Познати

To top