Познати

ПОРАДИ НЕГО МЕЛИНА ГО ОСТАВИ ХАРИС: Секојдневно и купува скапи подароци, а годините и овој пат не и се важни, важно е дека тој е најпосакуван бизнисмен во Србија!

ПОРАДИ НЕГО МЕЛИНА ГО ОСТАВИ ХАРИС: Секојдневно и купува скапи подароци, а годините и овој пат не и се важни, важно е дека тој е најпосакуван бизнисмен во Србија!

Откако се појавија информациите дека двајцата се разведуваат, пејачот во неколку наврати зборуваше за медиумите, додека Мелина цело време молчи и не се огласува.

Креаторката претходно неколку пати зборуваше за нејзиниот брак.

„Кој и да седнал со мене и Харис, видел дека разликата во години не се забележува. Ние сме двајца кои навистина се нашле, па ако некој сака да брои нека брои…“, изјави во една прилика Мелина.

„Бројките се само на хартија и мислам дека тоа не може да влијае на човечкиот дух и на човечките односи. Го најдов човекот на мојот живот и што да прашам сега? Од каде си? Колку години имаш? Не ми паѓа на памет…“, додаде тогаш сега веќе поранешната сопруга на пејачот.

Инаку, како што откри извор близок до креаторката, Мелина веќе половина година ужива во љубовта со бизнисмен, кој е само две години постар од неа.

„Нејзиниот нов емотивен партнер важи за еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена. Секој слободен момент го користат да бидат заедно, а тој ја опсипува со скапи подароци и внимание, па таа се чувствува како заљубена тинејџерка“, меѓу другото истакнал добро упатениот извор за регионалните медиуми.

Најнови вести од Познати

To top