Мина Наумовиќ, сопруга на српскиот водител Огњен Амиџиќ, се породи на 9 март и на свет го донесе синот Перун.
Гордите родители секојдневно уживаат со бебето, а Мина на својот инстаграм-профил често споделува фотографии од семејниот дом.
Водителката неодамна се пофали на социјалните мрежи и откри дека нивното бебе наполнило еден месец, а сега таа и Огњен решиле да одвојат малку време за себе и излегле на ноќно рандеву.
Мина се пофалила со фотографија на која не ја симнува насмевката од лицето, а покрај сопругот Огњен, на сликата се нашла и пејачката Марија Микиќ на која Наумовиќ јавно ѝ се обратила:
– Здраво Маро легендо!
Брачниот пар за првпат се појави во јавноста по раѓањето на бебето, а за оваа прилика избрале црно-бела комбинација, која, судејќи по фотографијата, била полн погодок, додека коментарите само се нижеа – „оваа жена како никогаш да не родила дете“, гласи еден од коментарите.