Познати НЕ ​​БИЛ ПИЈАН

ОБНОВЕНО: Ѓорге Давид не се вратил во Србија на 26 јануари годинава

Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење за прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

ОБНОВЕНО: Ѓорге Давид не се вратил во Србија на 26 јануари годинава

ОБНОВЕНО: Ѓорге Давид не се вратил во Србија на 26 јануари годинава

Во моментот на објавата на текстот што го рецензираме – 26 јануари 2024 година, пејачот Ѓорге Давид беше во С. Македонија. Тој самиот на социјалната мрежа Инстаграм им порача на медиумите дека документите му се во Јавното обвинителство и дека не ја напуштил земјата. Исто така, побара коректност и истакна дека кога ќе ја премине границата самиот тоа ќе го обзнани

Исто така, не е точно дека пејачот Ѓорге Давид добил дозвола да ја напушти земјава по сообраќајната несреќа и дека пристигнал во Белград.

Тој самиот на својот профил на Инстаграм на 28 јануари демантираше и им порача на медиумите дека документите му се во Јавното обвинителство и дека не ја напуштил земјата. Исто така, побара коректност и истакна дека кога ќе ја премине границата самиот тоа ќе го обзнани

Во оваа прилика ги молам медиумите во Македонија и во Србија да имаат барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам и да не пласираат наслови кои немаат врска со вистината. Не сум ги добил моите документи и не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се наоѓаат во Јавното обвинителство Куманово. Секој ваш наслов кој го објавувате, мене ми прави проблем и предизвикува омраза од овие луѓе во Јавното обвинителство кон мене, бидејќи мислат дека јас ви ги давам тие информации. Ми ја отежнувате ситуацијата ми правите пекол од животот. Кога ќе ги земам документите и кога ќе ја преминам границата прв ќе се јавам и тоа ќе го обелоденам, рече пејачот на својот Инстаграм профил во обраќање кон јавноста и кон новинарите.

Пејачот учествуваше во сообраќајна несреќа во која загина жена на автопатот кај Табановце.

Кумановското обвинителство за ТВ 24 потврди дека пејачот уште е во Македонија. Тој е во земјава една недела по трагичната несреќа во близина на Куманово во која загина едно лице. Обвинителството за Ѓорге Давид определи мерки на претпазливост и привремено му го одзеде пасошот.

Мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце сè уште се на сила. Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено. Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа сè уште не се пристигнати до обвинителството, рекоа од Основното јавно обвинителство Куманово за ТВ 24 истиот ден кога се појави дезинформацијата дека пејачот ја напуштил земјава (26 јануари).

На 28 јануари Телма објави дека судија од Основниот суд Куманово донел одлука за замена на мерките на претпазливост за Ѓорге Давид при што му е одредено само еднаш месечно да се јавува во судот. Сепак, новите мерки не се правосилни.

Дополнително, демантот од Ѓорге Давид дека не ја напуштил нашата држава беше објавен по прилогот на Телма, така што дефинитивно тој не ја имал напуштено земјава во моментот кога е објавен постот што го рецензираме. (vistinomer.mk)

Најнови вести од Познати

Теми на денот

To top