Постојат многу теории на заговор за здравствената состојба на принцезата Кејт Мидлтон, а откако вчера прво се објави, па започна да се повлекува фотографијата која ја направила самата принцеза на фотошоп светот буквално се загрижи за нејзината вистинска здравствена состојба која очигледно умешно се крие.
Од кенсингтонската палата објавија дека принцезата која имаше операција на абдоменот во јануари ќе се опоравува до Велигден, но во меѓувреме медиумите започнаа се повеќе да се сомневаат дека со неа се случува нешто што се крие од целиот свет.
Во меѓувреме светските медиуми повторно започнаа да ги шират информациите за неверството на принцот Вилијам со извесна Сара Роуз.
Британските медиуми во последните денови се повеќе се заинтересирани за оваа афера и за животот на оваа девојка.
На социјалните мрежи се појави и теорија на заговор дека неверството на принцот има врска со исчезнувањето на принцезата Кејт од јавноста.
Marchioness of Cholmondeley has been widely hailed for her style over the years, drawing praise for her ensembles at events including the wedding of the Prince and Princess of Wales https://t.co/sGHe24lRlz
— The Independent (@Independent) March 12, 2024
Познат британски весник пишува дека Сара Роуз има 39 години и некогаш работела како модел, а потоа и како пратеник, има три деца, 15 годишни близнаци и осум годишна ќерка, како и тоа дека многу наликува на Кејт во која принцот е заљубен уште од студентските денови.