Познатиот ракометар Никола Карабатиќ (41) ѝ предложи брак на својата долгогодишна француска девојка, Жералдин Пије (37).
Двојката ја објави среќната вест на Инстаграм.
„Рековме ДА“, пишуваше во описот на фотографијата на која нивната ќерка им прави друштво.
View this post on Instagram
Тие се во врска 14 години, а ги запозна заеднички пријател по што станаа неразделни. Жералдин, која е гимнастичарка, оттогаш е негова најголема поддржувачка.
Фактот што Никола често ја нарекува својата партнерка „најдобрата жена на планетата“ во своите изјави, исто така, покажува дека се вљубени како на првиот ден.