Познати

ПО 13 ГОДИНИ: Се разведува братот на прицезата Дајана, неговите мемоари му пресудија на бракот

Според тие британски медиуми, на бракот му пресудиле мемоарите во кои Чарлс открил секакви работи, вклучително и дека доживеал физичко и сексуално злоставување во интернат.

ПО 13 ГОДИНИ: Се разведува братот на прицезата Дајана, неговите мемоари му пресудија на бракот

Помладиот брат на покојната принцеза Дајана, Чарлс Спенсер (60) се разведува од сопругата Карен по 13 години брак.

-Тоа е исклучително тажно. Само сакам да им се посветам на моите деца и внуци, а на Карен и посакувам многу среќа во иднина, изјави тој за Дејли Мејл.

Мемоарите владееле со бракот?

Според тие британски медиуми, на бракот му пресудиле мемоарите во кои Чарлс открил секакви работи, вклучително и дека доживеал физичко и сексуално злоставување во интернат. Неодамна изјави дека работата на мемоарите толку многу го погодила што морал да побара стручна помош.

Чарлс и Карен се во брак од 2011 година. Тие се венчаа во куќата Алторп во Грејт Барингтон, Англија, два месеци по кралската венчавка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тие имаат 12-годишна ќерка Шарлот Дијана.

Карен има уште две ќерки од претходниот брак со холивудскиот продуцент Марк Гордон, додека Чарлс има шест деца од првите два брака со Викторија Локвуд и Керолин Фројд.

To top