На гробиштата во Чачак денеска ќе биде погребан легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ.
Комеморацијата е закажана во 11:00 часот во Центарот за култура Чачак, а непосредно пред тоа пристигна огромен венец со две вкрстени гитари на кој пишува „Последниот поздрав за нашиот Бора“.
-Не трошете џабе пари, не сум толку важен лик. Вкрстите две гитари, тоа нека биде споменик, се стиховите на Бора, а по пристигнувањето на ваков венец присутните не можеа да ги задржат солзите и тагата.
View this post on Instagram
Бора почина на 4 септември во болница во Љубљана каде неколку дена беше хоспитализиран поради влошена здравствена состојба.