Новак Ѓоковиќ со своите успеси ги руши сите рекорди, а во една прилика кажа кои две намирници му даваат доволно енергија за да издржи што подолго на тенискиот терен.
Имено, Ѓоковиќ на една конференција зборуваше токму на таа тема, а во таа прилика откри што консумира на теренот, на паузите од мечот.
-Банани, урми и вода. Навистина не ми е јасно, секој натпревар е ист, а тие уште не разбираат. Ми носат јаболко. Какво јаболко, човеку. Потоа наоѓам круша, без урми, рече Новак и се смееше со новинарите.
Познато е дека овие намирници всушност ги има речиси во секоја продавница и се многу достапни за секого.
Урмите имаат некои прилично импресивни здравствени придобивки. Покрај изобилството на витамини и минерали, тие се богати со антиоксиданси, го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, го штитат мозокот и срцето и го зголемуваат нивото на енергија и кондиција.
Три урми содржат околу 200 калории, 54 грама јаглени хидрати со околу пет грама влакна, еден грам протеини и немаат масти. Оваа количина, исто така, обезбедува помали количини на широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи витамини Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган.
Покрај ова супер-овошје, Новак Ѓоковиќ консумира и банани, кои содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза – и во комбинација со влакна се совршени за моментално зголемување на енергијата.
Истражувањата покажаа дека консумирањето на само две банани дневно обезбедува доволно енергија за напорен тренинг од деведесет минути.