Познати

ОВАА ПЕЈАЧКА НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ДОЗНАЕ НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА НА КСЕНИЈА: Ја побарала непосредно пред да биде убиена, но не ја добила – „ќе ми остане рана на срцето“

ОВАА ПЕЈАЧКА НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ДОЗНАЕ НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА НА КСЕНИЈА: Ја побарала непосредно пред да биде убиена, но не ја добила – „ќе ми остане рана на срцето“

Пејачката Ксенија Пајчин и нејзиното момче манекенот Филип Каписода се пронајдени мртви на 16 март 2010 година, а веста одекна во истата секунда низ целиот регион.

Сега по повод годишнината од смртта започна да се шират нови сознанија и детали од трагичната ноќ, пренесуваат српските медиуми.

Имено тие детално го реконструираат настанот опишувајќи ја кобната ноќ.

Пред убиството му претходела караница, а Ксенија била убиена во ходникот пред да излезе од дома облечена во бела јакна, а Филип очигледно се обидел да ја спречи да излезе од дома, но кога не успеал следувало пресудниот чин. Потоа се упатил во другата соба и се самоубил, а телата околу 18 часот ги пронашла мајката на Ксенија која живеела со пејачката.

Според полициската реконструкција Филип си пукал во устата со пиштол за кој имал дозвола, додека на Ксенија и пукал во главата – причината се претпоставува дека било сакањето на пејачката да го абортира неговото дете.

Во меѓувреме пејачката Драгана Мирковиќ открила дека никогаш нема да ја дознае последната тајна на Пајчин.

Пејачката во една прилика открила дека ден по нејзината смрт дознала дека Ксенија барала да ја слушне и нешто важно да и каже.

„Два дена пред да биде убиена му рекла на мојот соработник дека сака да ме слушне: „Те молам пренеси и на Драгана да ме побара имам нешто важно да и кажам, итно ми треба“. Тој не ми кажа тогаш, ниту утредента, а кога ме побара веќе беше доцна и ми кажа дека веќе Ксенија е изгубена. Јас никогаш нема да дознам што имала толку важно да ми каже. Ми остана товар како да требало да и помогнам и да направам нешто за неа, не знам за што се работи, тоа ќе ми остане рана на срцето дефинитивно“, вели Мирковиќ.

To top