Познати беше удрена од коњ

Откриена е здравствената состојба на принцезата Ана по вчерашниот инцидент

Кралскиот експерт Мајкл Кол предупреди дека таквата повреда на нејзина возраст „може да предизвика нешто посериозно“.

Откриена е здравствената состојба на принцезата Ана по вчерашниот инцидент

Британските медиуми вчера ја пренесоа објавата на Бакингемската палата дека повредите на принцезата Ана се „благи и не загрижуваат“, но кралскиот експерт сега тоа го демантираше. Имено, Мајкл Кол рече дека здобиените повреди „не се мала работа“.

Принцезата Ана (73), единствената сестра на кралот Чарлс Трети, е во болница откако вчера вечерта била удрена од коњ во главата и доживеала потрес на мозокот на нејзиниот имот во Геткомб парк во Глостершир.

Бакингемската палата веднаш по инцидентот објави дека помладата сестра на кралот Чарлс се здобила со „лесни повреди“ и дека „се очекува целосно закрепнување“.

Но, кралскиот експерт Мајкл Кол предупреди дека таквата повреда на нејзина возраст „може да предизвика нешто посериозно“.

-Фактот што принцезата Ана беше задржана во болница преку ноќ покажува дека тоа не е ситна работа. Со потрес на мозокот, тоа може да биде само удар во главата и да гледате ѕвезди неколку минути, но може да биде нешто посериозно. Не сум слушнал дека е пуштена од болницата во Бристол и можеби станува збор за продолжен престој, изјави експертот за Метро.

-Таа е многу силна, директна и сигурен сум дека ќе го преболи тоа. Но, тоа не е мала работа. Тие не носат никого во болница за ништо. Фактот дека таа е таму укажува дека постои загриженост. Таа е веројатно на најдоброто место, но за нејзините години тоа е сериозна работа, изјави Мајкл.

Принцезата Ана моментално престојува во болницата Саутмед во Бристол, а нејзиниот сопруг Сер Тим Лоренс постојано е со неа.

Најнови вести од Познати

To top