Познати Загреб

Ново судење, уште еден проблем за Северина – еве кој ја тужи сега

Пејачката не е обврзана да се појави на суд.

Ново судење, уште еден проблем за Северина – еве кој ја тужи сега

На пејачката Северина и е закажано четврто рочиште во Општинскиот граѓански суд во Загреб поради тужбата што против неа ја поднесе судијката Луција Ласиќ.

Ја тужи за кршење на личните права, а од пејачката бара нешто помалку од 3.000 евра отштета.

Постапката се спроведува зад затворени врати. Пејачката не е обврзана да се појави на суд.

Северина ја застапува адвокатката Јасминка Билош.

-Не можам да ви кажам ништо за судењето, накратко им рече Билош на претставниците на медиумите по третото рочиште.

To top