Светлана Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ веќе со години не се во добри односи, особено откако во јавноста пред неколку години протече видео на кое се слуша како тие се караат во една новогодишна програма.
Овој пат пејачката беше запрашана што мисли за разводот на нејзината колешка Драгана Мирковиќ.
-Тоа навистина не можам да го коментирам… ниту знам што им се случува во нивните животи, ниту знам тоа ме интересира, започна Цеца.
Таа додава дека во секој случај секогаш е претежно кога едно семејство се распаѓа…
-Навистина тоа не му го посакувам на никого и никој нормален тоа не го сака, додава Цеца.
На прашањето дали ја поддржува Драгана вели дека секако „ДА“.
Инаку Драгана Мирковиќ денес се расплака за хрватскиот медиум 24 часа давајќи им нивна изјава во домот по повод разводот.