Познати Кристална девојка

Најскапите кристали ги облече на голи гради: Ким Кардашијан најде инспирација во ОВАА славна дама

Кога Ким Кардашијан се појави во оригиналниот модел на Мет Гала, многу луѓе се пожалија дека облеката не треба да се вади од музејот.

Најскапите кристали ги облече на голи гради: Ким Кардашијан најде инспирација во ОВАА славна дама

Ким Кардашијан само ја проширува својата деловна империја, па сега ги здружи силите со познатиот бренд за накит Сваровски и заедно со нејзината модна куќа SKIMS создаде модна колекција на блескава облека.

Меѓу тие нови модели е и фустанот инспириран од познатиот модел на Мерлин Монро, во кој легендарната актерка во 1962 година му пеела роденденска песна на тогашниот американски претседател.

Ким го носеше оригиналниот фустан на Мет Гала во 2022 година и на тој начин предизвика многу критики.

-Фустанот од колекцијата „Swarovski and SKIMS“, инспириран од култната облека што ја носеше Мерлин Монро, веќе е продаден. Имаше три верзии на тој фустан, во три бои, а побарувачката беше огромна, пишува People.

Кога Ким Кардашијан се појави во оригиналниот модел на Мет Гала, многу луѓе се пожалија дека облеката не треба да се вади од музејот.

Ким секогаш наоѓа начин да ги избегне критиките. Ја критикуваа дека држела строга диета за да може да го облече овој култен фустан и потоа јавно да зборува за тоа.

Креативната директорка на Сваровски, Џована Енгелберт, е воодушевена од соработката со ТВ ѕвездата. Колекцијата се состои од фустани, како и разни украси на телото.

-Уште кога станав креативен директор на Swarovski, сакав да соработувам со SKIMS, кој е вкоренет во идејата кристалот да стане кожа. Работевме со Ким за да создадеме накит за тело и многу повеќе, а сето тоа може да се стилизира на многу начини и да го истакне гламурот во нас. Едвај чекам да ви ја покажам целата колекција, напиша таа на Инстаграм, додека Ким на оваа мрежа изјави:

– Отсекогаш сум била кристална девојка.

Фустанот што го носеше Мерлин Монро првично чинеше 12.000 долари, а во 2016 година музеј го купи за 4,8 милиони долари.

Најнови вести од Познати

To top