Хрватското специјално обвинителство за сузбивање на корупција и организиран криминал поднесе обвинителен акт против Тони Цетински затоа што беше откриено дека користел лажен сертификат за вакцинација против коронавирусот, објави веб-страницата Империјал.
Според нивните сознанија, од документите што ги објавиле, заменик-обвинителот Вјекослав Шаулиќ на 28-ми декември 2023 година до Жупанискиот суд во Загреб испратил обвинение против 18 лица, меѓу кои и познат пејач.
Тоа е всушност ново обвинение во кое обвинетите се обвинети дека платиле за да добијат лажни потврди дека се вакцинирани против Ковид и со тоа да се стекнат со право на дигитална ЕУ-пропусница за ковид. Обвинетите се товарат дека му дале пари на посредникот Иван Џелалија, така што медицинската сестра Петра Румиха, која тогаш работела во Здравствениот дом Загреб и била овластена да пристапува и да внесува податоци во информацискиот систем на Министерството за здравство, лажно внесувала информацијата дека обвинетите биле вакцинирани.