Познати

НА КЕЈТ НЕ И БИЛО ДОБРО ОД ОДЛУКАТА: Еве како кралот Чарлс ја понижи принцезата откако во јавноста се дозна за наводната љубовница на принцот Вилијам

НА КЕЈТ НЕ И БИЛО ДОБРО ОД ОДЛУКАТА: Еве како кралот Чарлс ја понижи принцезата откако во јавноста се дозна за наводната љубовница на принцот Вилијам

Кејт Мидлтон последен пат во јавноста се појави за Божиќ, минатата година. Потоа исчезна од јавноста „поради планираната операција на абдоменот“ која ја правеше во јануари.

Од тогаш се појавија разни теории на заговор за тоа каде се наоѓа принцезата од Велс, а не ѝ помогнал ниту Фотошопот којшто го користела на фотографијата со своите деца.

Настаните од минатата седмица покажуваат дека Кејт никогаш нема да побегне од сенката на маркизата од Чолмондели. Родена како Сара Роуз Хенбери, а за 40-годишната поранешна манекенка последните пет години се шпекулира дека е љубовница на принцот Вилијам.

„The Sun“ ги иницираше гласините

Пред пет години британски „The Sun“ извести дека Кејт се скарала со една од најдобрите пријателки, Роуз Хенбери, од непознати причини.

Роуз е венчана за Дејвид Роксевиџ (63), а парот живее во Хонтон Хол во Норфолк со своите три деца. Нивниот дом е само четири милји оддалечен од селскиот имот на Кејт и Вилијам Анмер Хол, а паровите наводно се дружат во елитниот селски круг.

Како што пишуваше „The Sun“, Кејт наводно одлучила да ја исфрли Роуз од секој круг поради мистериозни причини.

„Никој не знае како дојде до ова“, изјавил извор за таблоидот, нарекувајќи ја Роуз, „рурална сопарничка“ на Кејт.

Кралските извори набрзо ги отфрлиле сите гласини во врска за нивната кавга. Новинарот Ричард Кеј објавил дека дознал дека гласините за кавгата се лажни и дека и двете страни размислуваат за тужба, но на крај одлучиле целата таа ситуација да ја игнорираат.

„Сите знаат за аферата драга“, објавил тогаш британскиот колумнист Џилс Корен на Твитер и ги иницирал шпекулациите за раздорот помеѓу Кејт и Роуз.

Палатата тогаш наводно се заканила со судска постапка, а британските таблоиди целосно престанале да пишуваат на оваа тема. Немало дополнителни извештаи за потенцијалната афера, немало презентирани докази (освен фотографии од Кејт и Вилијам и Дејвид и Роуз на кои присуствуваат на исти настани), а особено немало коментари од ниту една од вклучените страни.

Чолмондели ги преземаат клучните улоги во крунисувањето на кралот Чарлс

За да ѝ докаже на британската јавност дека сѐ е во ред меѓу Велс и Чолмондели, кралот Чарлс ја ставил маркизата во центарот на своето крунисување минатиот мај. Чарлс го именувал нејзиниот сопруг Дејвид за свој „господар во чекање“, а лордот Оливер, еден од 14-годишните синови близнаци на Дејвид и Роуз, го избрал како официјален почесен паж на церемонијата.

Оливер стоел до синот на Вилијам и Кејт, Џорџ, којшто исто така бил почесен паж.

Магазинот „Tatler“ во исто време забележал дека Дејвид станал постојан лорд на кралот Чарлс што значи дека ќе биде присутен на сите видови кралски настани во текот на владеењето на кралот. Многумина овој потег на Чарлс го протолкувале како понижување на Кејт.

Нема докази дека повлекувањето на Кејт од јавниот живот има некаква врска со Роуз Хенбери. Кејт никогаш не се занимавала со гласините за Роуз, а уште помалку направила нешто во врска со нив.

Но, поради недостатокот на информации за нејзината здравствена состојба, луѓето започнале да креираат разни теории.

Најнови вести од Познати

To top