Познати

„МНОГУ МИ Е ЖАЛ, ДУРИ СЕГА СФАЌАМ ДЕКА СУМ ТРЕБАЛА…“: Ќерката на Џеј откако го изгледала филмот за татко и откри поради што се кае

„МНОГУ МИ Е ЖАЛ, ДУРИ СЕГА СФАЌАМ ДЕКА СУМ ТРЕБАЛА…“: Ќерката на Џеј откако го изгледала филмот за татко и откри поради што се кае

Марија Рамадановски, ќерка на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, ги сподели своите впечатоци од филмот „Недела“ кој се базира на животот на нејзиниот татко.

Не поминаа ни две недели од премиерата на филмот „Недела“, а Марија Рамадановски сега ги сподели своите впечатоци од овој филм и рече дека има неколку замерки.

– Филмот го видов на премиерата и можам да кажам дека сум задоволна од она што го видов. Во исто време, бев и среќна и тажна што гледав филм за него. Актерите беа одлични, би ги пофалила сите. Татко ми имаше многу турбулентен живот, па да траеше филмот пет часа, немаше да може да се отслика неговиот живот – изјави таа во емисијата „Премија викенд специјал“, додавајќи:

– Мојот татко никогаш не се стремел да биде ѕвезда, легенда. Секогаш велеше дека тоа ти го дал Бог. Во филмот се гледа дека пее , но никој не можеше ниту да претпостави кој ќе стане подоцна. Со тоа се водам и јас во мојот живот. Сè е до судбината и до Бога. Како што е речено, така и ќе биде – вели Марија, а потоа продолжи:

– Што се однесува до колегите на тато, секој има право на свое мислење, јас не би се мешала таму. Што се однесува до мојот впечаток, можеби недостасуваше повеќе музика, можеби имаше премногу од чичко ми Џамба, но тој мораше емотивно да се врзува за некого. Што се однесува до сцените, тие се реално прикажани. Не можам да кажам дека беше деградиран или лошо прикажан. Горда сум, задоволна и мислам дека сето ова го заслужи и дека би му било мило да има филм за него. Сега, од оваа перспектива, сфаќам дека требаше да поминам многу повеќе време со него и многу ми е жал поради тоа.

Најнови вести од Познати

To top