Актерката Лидија Вукичевиќ призна дека повеќе не живее сама, а потоа откри со кого го дели креветот.
Таа е многу активна на Инстаграм, па редовно ги радува следбениците со своите жешки фотографии.
Лидија е синоним за дама од јавната сцена која им пркоси на годините и изгледа неверојатно добро за своја возраст. Затоа и до ден денес е сон за многу мажи.
Овој пат Лидија не објави секси фотографии, туку покажа кој и прави друштво во спалната соба.
Станува збор за нејзините кучиња, кои таа ги обожава и им дозволува се. Како што објаснила, спие и се буди со нив, а поголемиот дел од креветот е резервиран само за нив.