Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра решија да стават точка на бракот по 18 години заеднички живот, кога сфатија дека за нив и за нивните деца е најдобро секој да тргне по својот пат.
Како што дознаваат српските медиуми од извор близок на актерот, тие многу брзо се договориле да се разведат со заедничка согласност и да го поделат брачниот имот, за се да помине што побрзо и побезболно, пред се заради нивните две деца.
Актерот веднаш прифатил станот во кој со години живееле заедно на Вождовац да им припадне на Сандра и нивните деца и тие таму ќе продолжат да живеат. Тој се преселил кај мајка му во центарот на градот и веќе некое време живее таму. Џипот и скутерот ќе ги задржи во своја сопственост, со кои секојдневно ги завршува сите обврски низ градот. Покрај станот, Сандра ќе има и еден автомобил.
Иако Милан и неговата наскоро поранешна сопруга доживеаја распад на бракот по речиси две децении, тие останаа во добри односи, најмногу поради нивните наследници. Милан и покрај тоа што се пресели на друга адреса, секој ден ги гледа своите деца и ги вози на училиште, додека избегнува да се сретне со Сандра, за да нема непријатна ситуација меѓу нив.
Да потсетиме, Милан одлучи дека не сака да коментира ништо за разводот во јавноста, па не сакаше ниту да ја потврди ниту да ја демантира оваа вест.