Познати СУДЕЊЕ

Мика Алексиќ обвинет за силување: Ќе сведочи оштетената актерка Милена Радуловиќ

Здравствената состојба на Алексиќ изминатиов период се влошила

Мика Алексиќ обвинет за силување: Ќе сведочи оштетената актерка Милена Радуловиќ

Во Вишиот суд во Белград денеска продолжува судењето на Мирослав Мика Алексиќ, обвинет за силување и недозволени полови дејствија, а со сведочењето ќе продолжи и оштетената актерка Милена Радуловиќ.

Таа сведочеше на претходните две рочишта и уште не заврши со одговарањето на прашањата на одбраната. На последното судење, бранителот на Алексиќ рече дека му останува уште околу еден час распит.

Инаку, неговиот бранител Зоран Јаковљевиќ на минатото рочиште рече дека здравствената состојба на Алексиќ изминатиов период се влошила и предложи во судницата да има лекар.

Најнови вести од Познати

To top