Весна Змијанац и Дино Мерлин го снимија хитот „Јорговани“ во 1988 година, а пејачката дури сега откри како изгледало снимањето. Весна се присети како Дино дошол во Белград за да ѝ ја понуди оваа песна, кога сè уште не бил голема ѕвезда како неа.
– Не бев вообразена, напротив. Во тоа време, јас бев единствената што знаеше кој е тој. Во нашата земја сè уште не беше препознаен, но во Босна беше некој и нешто. Но, знаев за две негови песни што многу ги сакав, но не го познавав човекот. Во тоа време тој веќе ги имаше „Bosnom behar probeharao“, „Je l’ Sarajevo gde je nekad bilo“… И јас го знаев тоа, но другите не – започна Весна.
Сепак, според неа, ниту еден од композиторите и соработниците не билe премногу оптимистични за „Јорговани“, освен Весна, која веднаш почувствува дека оваа песна има потенцијал.
Кога Мерлин дошол со песната во студио, сите и викале на Весна дека тоа не е ништо. Пејачката додава дека таа во срцето знаела дека ќе биде хит.
Дино бил разочаран што песната не им се допаднала, па дури и понудил на Весна самата да ја испее.
-Му реков „не“, ќе ја пееме заедно. Тој го отпеа својот дел и си замина разочаран. Рече „Јас го испеав мојот дел, а ти сега пеј што сакаш и колку сакаш“. Останав сама со снимателот, модулацијата ја направивме без него. Корнелије Ковач работеше на аранжманот. Никој не „падна во несвест од песната“, само јас знаев во себе дека тоа ќе биде голем хит и дека треба време, вели Змијанац.
На крајот, нејзиното чувство се покажало како одлучувачко, а публиката брзо ја прифатила песната која е и денес голем хит.