Во нејзиното прво интервју по двегодишно отсуство од медиумите, сопругата на Доналд Трамп, Меланија, зборуваше за Фокс њуз за да ги промовира своите мемоари.
-Време е да ја кажам мојата приказна и вистината, рече таа и почна со сеќавање на необичниот прв состанок на кој сега нејзиниот сопруг ја извел.
Според неа, Трамп во времето на нивното запознавање веќе бил познат како американски бизнисмен, па не можеле да одат во ресторан, кафуле или кино. Наместо тоа, Трамп ја однел на посебно место, каде што можеле да имаат приватност. Заедно отишле да го разгледаат имотот што тој имал намера да го купи, а Меланија го опишала тој прв состанок како многу убав.
„Беше убаво да се биде насамо со Доналд“
-Затоа што бевме сами во автомобилот околу час или час и половина. Немаше друга врева, немаше други луѓе. Во тоа време тој веќе беше познат како славна личност, па беше многу убаво само да се биде насамо со него, рече Меланија и додаде: „Ми се допадна визијата што ја имаше и врската што ја имавме беше многу посебна.
Дополнително, Меланија откри каква била нивната свршувачка.
-Ми беше роденден. Беше и Мет Гала. Сето тоа во една вечер. Веќе бевме дома, и двајцата во гала изданија, се присети Меланија ноќта кога Трамп ја запросил по враќањето во нивниот заеднички дом.
Тие се венчаа во јануари 2005 година.
Во пресрет на новите претседателски избори, поранешната манекенка проговори за страната на Трамп која ја гледаат само најблиските. И додека делува многу остро во своите говори, Меланија ги издвои причините поради кои е вљубена во него: “Неговиот хумор, личност, добрина. Тој е многу посебен. Неговата позитивност. Неговата енергија. Тоа е неверојатно”.
Ова се нејзините први мемоари
View this post on Instagram
За потсетување, ова се нејзини први мемоари. Канцеларијата на Меланија ги опиша како моќна и инспиративна приказна за жена која го трасирала својот пат, ги надминала сите неволји и ја „дефинирала личната извонредност“.
Поранешната прва дама „ги поканува читателите во својот свет, нудејќи им интимен портрет на жена која живеела, и сè уште живее, извонреден, необичен живот“, се вели во најавата на книгата.
Меланија е полна со лични приказни и семејни фотографии кои никогаш не ги споделила со јавноста.