Мелани Браун, позната како Мел Би или „Скери Спајс“ (Страшната) од поранешниот женски поп-состав „Спајс грлс“ (Spice Girls), ги критикуваше своите колешки од групата – Ема Бантон, Мелани Чисхолм (Мел Си), Гери Хорнер и Викторија Бекам.
Имено, Мел Би прво јавно ја изрази својата желба британската група повторно да се обедини за турнеја по повод 30-годишнината. Потоа на интернет-просторот, како што самата призна – „постојано им брборела“ на своите колешки околу повторното спојување на поп-групата, па тие ја исфрлиле од нивниот групен разговор на „Ватс-ап“… Поради што Мел потоа ги нарече „глупави“.
Во последното интервју, Мел, прашана за можното спојување – одговори: „Не знам. Ќе видиме.“
– „Спајс грлс“ работи на нешто… Сакаме да направиме нешто и ќе направиме, но сега не можам да ви кажам ништо бидејќи повторно ќе ме исфрлат од „Ватс-ап“ групата. Дефинитивно работиме на нешто. Сега сум во неволја бидејќи сум премногу возбудена кога зборувам за бендот!, изјави Мел Би во Емисијата на Џонатан Рос.
Ова не е првпат Мел Би да има несогласувања со поранешните колешки. Таа претходно се пошегува на сметка на Гери Халивел Хорнер, велејќи дека лажела за годините, што наводно предизвикало тензија меѓу нив, забележлива и на роденденската забава на Викторија.