Познати

ФОТО+ВИДЕО: Се омажи Мел Би, сопругот на поранешната членка на „Спајс Грлс“ во шкотски килт

Мел Би се омажи за Рори Мекфи на елегантна церемонија во катедралата „Свети Павле“ по 6 години врска.

ФОТО+ВИДЕО: Се омажи Мел Би, сопругот на поранешната членка на „Спајс Грлс“ во шкотски килт

Поранешната членка на групата „Спајс Грлс“, Мел Б (50), се омажи! Таа го кажа своето судбоносно „да“ на долгогодишниот партнер Рори Мекфи вчера во катедралата „Свети Павле“ во Лондон.

Пејачката блескаше во фустан со долги ракави украсен со бисери, додека нејзиниот сопруг носеше традиционален шкотски килт.

Мел и Рори се свршија во 2022 година, по три години врска. Подоцна таа изјави за „Ју-Ес Викли“ дека фризерот ѝ помогнал повторно да поверува во љубовта. (Мел претходно била мажена двапати.)

-Откако ја напуштив таа 10-годишна врска, немав намера да влегувам во нова. Бев посветена на моите деца, да бидат добро и да го започнам нивниот процес на заздравување“, изјави Мел ексклузивно за „Ју-Ес“ во мај, осврнувајќи се на своите деца: Феникс (26), Ангел (18) и Медисон (13).

To top